Вработени и нето-плати,
10/2008
Во Статистичкиот преглед бр. 2.4.9.09 (628) “Вработени и нето-плати во Република Македонија во 2008 година” се презентирани податоци од статистичкото истражување “Годишен извештај за вработени и нето-плати” спроведено во 2008 година. Прегледот претставува продолжение на серијата изданија од овој вид.
Во публикацијата се објавени податоци за вработените и нето-платите според кадровската евиденција по белезите: пол, возраст, работен однос, вид на сопственост, школска подготовка и работно време. Покрај нив, презентирани се и податоци за структурата на вработените според висината на исплатената нето-плата по вработен, структурата на деловните субјекти според износот на најниската и на највисоката нето-плата по вработен, како и според распонот на најниската и на највисоката нето-плата по вработен и друго.
Во функција на полесно и квалитетно користење на податоците кои ги содржи публикацијата, дадени се методолошки објаснувања.
Датум на издавање: |
14.07.2009 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
265KB
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
39 |
ISBN: |
978-9989-197-62-8 |
ISSN: |
1409-8997 |
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
350 денари
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика