Вработени и нето-плати,
10/2007
Во Статистичкиот преглед бр. 2.4.8.12 (599) “Вработени и нето-плати во Република Македонија во 2007 година” се презентирани податоци од статистичкото истражување “Годишен извештај за вработени и нето-плати” спроведено во 2007 година. Прегледот претставува продолжение на серијата изданија од овој вид.
Во публикацијата се објавени податоци за вработените и нето-платите според кадровската евиденција по белезите: пол, возраст, работен однос, вид на сопственост, школска подготовка и работно време. Покрај нив, презентирани се и податоци за структурата на вработените според висината на исплатената нето-плата по вработен, структурата на деловните субјекти според износот на најниската и на највисоката нето-плата по вработен, како и според распонот на најниската и на највисоката нето-плата по вработен и друго.
Во функција на полесно и квалитетно користење на податоците кои ги содржи публикацијата, дадени се методолошки објаснувања.
Датум на издавање: |
15.07.2008 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
296KB
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
39 |
ISBN: |
798-9989-197-30-7 |
ISSN: |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
350 денари
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика