Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Бруто-домашен производ, 2000-2012 (ревидирани податоци)

 


Државниот завод за статистика, со цел да обезбеди споредливост на податоците од областа на националните
сметки и декларирајќи ја хармонизацијата како најголем приоритет, во текот на 2013 година го отпочна процесот
на ревидирање на податоците за националните сметки за временската серија 2000-2012 година.


Основната причина за ревизија на податоците произлезе од потребата да се објават конзистентни годишни
податоци за серијата 2000-2012 кои ќе ги вклучат сите методолошки подобрувања од аспект на методите на
пресметки и поквалитетните извори на податоци кои главно се расположливи во последниот период од наведената
временска рамка.


Друга особено важна причина е подготвувањето на податоците во согласност со новата Методологија ЕСС
2010 (Европски систем на сметки 2010), донесена од страна на Европскиот парламент, и методологијата СНС 2008
(Систем на национални сметки 2008) како општ меѓународен стандард од 2009 година.


Резултат на таа ревизија е ова посебно издание на ДЗС кое содржи ревидирани податоци од областа на
националните сметки за серијата 2000-2012 година.


Ревизијата на податоците е направена во согласност со Политиката за ревизија на статистичките податоци,
а причините за тоа се:


- Имплементирање на НКД Рев.2 во серијата на податоци за периодот 2000-2008,
- Методолошки подобрувања во согласност со ЕСС 95 и
- Имплементирање на ЕСС 2010 (Европски систем на сметки 2010).


Податоците во публикацијата се организирани во неколку сетови на табели и тоа публикувани податоци,
ревидирани податоци во согласност со методологијата ЕСС 95 и табели според ЕСС 2010.


Во податоците според ЕСС 2010 се интегрирани ревидираните податоци од Народната банка на Република
Македонија според Прирачникот за билансот на плаќање бр.6 на Меѓународниот монетарен фонд.


Подетален опис на методологијата и методите за пресметка може да се најдат во методолошките
објаснувања во публикацијата и на веб-страницата на ДЗС (www.stat.gov.mk).


Годишните редовни публикации ќе се објавуваат според Програмата за работа на Државниот завод за
статистика и по својата содржина ќе се разликуваат од оваа публикација бидејќи главно ќе содржат детални
годишни податоци.


Државниот завод за статистика и натаму ќе продолжи со имплементирање на новините што се воведуваат
во Европскиот статистички систем со цел подобрување и збогатување на податоците што ги продуцира, а пред сè,
споредливост со другите земји во Европа и во светот.


Се надеваме дека ова издание ќе побуди интерес кај корисниците на овој вид статистики, а особено кај
стручната јавност, а ДЗС секогаш стои на располагање за сите потребни појаснувања и дообјаснувања.



           
Датум на издавање: 28.10.2014
PDF:   Преземи ја публикацијата 837KB
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 85
ISBN: 978-608-227-162-0
ISSN: 1409-7036
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика