Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Бруто-домашен производ, 2011

 


Овој Статистички преглед е редовно годишно издание на Секторот за национални сметки од 2000 година. Тој содржи голем број табели со податоци класифицирани по дејности, во согласност со Националната класификација на дејностите, по институционални сектори, и според големината на деловните субјекти, како и податоци за расходните компоненти на бруто-домашниот производ по тековни и по постојани цени.

Табелите се обележани со соодветна ознака и се поделени во пет тематски делови: Серија М - Макро-економски табели во кои се презентирани макроекономски податоци; Серија П - Производство на стоки и на услуги, која содржи податоци за БДП пресметан според производниот метод; Серија У - Употреба на стоки и на услуги во која се прикажани податоци за трошочните компоненти на БДП пресметан според расходниот метод; Серија К - Волуменски индекси и имплицитни дефлатори која содржи податоци за БДП пресметан по постојани цени; Серија Е - Постигнување на сеопфатност на БДП во која се презентирани податоци кои се однесуваат на учеството на неопфатената (сива) економија во БДП.

Во оваа публикација, во најголем број од табелите се презентирани податоци за бруто-домашниот производ за 2011 година во согласност со Националната класификација на дејностите НКД Рев 2.


           
Датум на издавање: 08.05.2013
PDF:   Преземи ја публикацијата 835KB
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 81
ISBN: 978-608-227-099-9
ISSN: 1409-7036
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика