Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Статистички годишник, 2016

 


Во 71-годишното постоење на Државниот завод за статистика, 63 години се обележани со единствена, исклучителна и вредна едиција за државата - изданијата на Статистичкиот годишник на Република Македонија. Во таа вредна збирка на публикации се вбројува и ова најново издание коешто со задоволство им го презентираме на почитуваните корисници.

Прикажани на начин којшто на корисниците им го олеснува користењето, статистичките податоци од бројните статистички истражувања, пренесени во табели, графикони и мапи, овозможуваат добивање на јасна слика за демографските и социоекономските состојби во државата во 2015 година. Освен тоа, во публикацијата се дадени и временски серии преку кои во споменатите општествени сегменти можат да се следат и трендовите низ годините.

Севкупноста на статистичките податоци за состојбите во државата се потврдува и со презентираните статистички информации добиени од органите, организациите и институциите што го сочинуваат статистичкиот систем во Република Македонија, а се координирани од Државниот завод за статистика како носител на официјалната статистика.

Едновремено, во публикацијата се прикажани и статистички податоци за земјите од Европа и пошироко што се компарирани со податоците за Република Македонија, со што се добива можност за стекнување на сознанија за демографскиот и социоекономскиот развој не само на државата, туку и на регионот, Европа и светот во глобала.

Определбата за веродостојна, објективна, квалитетна, навремена и достапна официјална статистика ја потврдуваме и со ова издание на Статистичкиот годишник. Со намера секое наредно издание да биде подобро од претходното, продолжуваме да инвестираме во човечките ресурси и во технологијата и ги очекуваме коментарите, забелешките, конструктивните критики и барањата на нашите почитувани корисници.

На тој начин, секој Статистички годишник ќе прерасне во наш заеднички успех, а со тоа станува и двигателна сила за растот и развојот на Република Македонија.

28.11.2016 година
Во Статистичкиот годишник на Република Македонија, 2016, на страниците 40 и 41, по барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, во табелата Т-02.05.1: „Вкупна потрошувачка на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка (ОДП тони) во Република Македонија“, направена е корекција на податокот „Вкупно” за 2015 година со додавање фуснота дека податоците се претходни.

Животна средина
Население
Здравство, социјални услови и култура
Правосудство и избори
Образование
Пазар на трудот
Приходи, потрошувачка и цени
Национална економија и финансии
Земјоделство
Индустрија и енергија
Деловни субјекти
Надворешна трговија
Транспорт, туризам и други услуги
Одржлив развој
Структурни деловни статистики
Меѓународен преглед
 

 



           
Датум на издавање: 15.06.2016
PDF:   Преземи ја публикацијата 21.3MB
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници:
ISBN:
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика