Статистички годишник,
2011
Ова годишно издание на Државниот завод за статистика обезбедува статистички податоци за демографската, социјалната и економската состојба во Република Македонија за 2010 година, како и податоци за подолг временски период. Во посебно поглавје се презентирани споредбени податоци со другите земји во Европа и во светот, при што се вклучени најновите податоци со кои располага Заводот. Новитет во Статистичкиот годишник за 2011 година се податоците за комунален отпад и отпад од индустријата. Годишникот е придружен со ЦД-ром, во кој се содржани истите серии на податоци. Во Статистичкиот годишник се презентирани статистички податоци од истражувањата што ги спроведува Државниот завод за статистика, како главен носител на статистичкиот систем на државата, како и статистички податоци подготвени од други институции-учесници во статистичкиот систем, при што се цитира институцијата што е извор на одредени статистички податоци, а за преостанатите податоци извор е Заводот. Структурата на секое поглавје содржи методолошки објаснувања за изворите на податоците и користените методи, табели со временски серии на податоци, графикони и мапи. Во оваа основна публикација на Државниот завод за статистика ќе најдете квалитетни и корисни податоци зашто Државниот завод за статистика ги следи вашите потреби како корисници и сé повеќе се труди да одговори на нив со публикувањето податоци што одговараат на вашите барања за податоци.
Датум на издавање: |
22.06.2011 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
15,5MB
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
579 |
ISBN: |
|
ISSN: |
1409 - 7206 |
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
3850 денари
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика