Статистичкиот преглед број 2.4.12.13/730 со периодика 2011-2012 година претставува продолжение на серијата
податоци објавени во Статистичкиот преглед број 2.4.11.16/701 со периодика 2010-2011 година.
Статистичкиот преглед содржи податоци за корисниците на социјална заштита и формите, мерките и услугите
во 2011 година; податоци за установите за сместување и згрижување на деца без родители и родителска грижа; за
установите за згрижување на лица со посебни потреби; за заводите, установите за згрижување и образование на деца и млади со воспитно-социјални проблеми; за установите - домови за возрасни лица; за организациите за професионална рехабилитација, како и податоци за меѓуопштинските центри за социјална работа.
Во него се презентирани и податоци за домовите за ученици и студентските домови во 2011/2012 година,
податоци за додатоци за деца во 2011 година, како и податоци за родителски додатоци за дете за 2010-2011 година кои Државниот завод за статистика започна да ги прибира од 2010 година.
Државниот завод за статистика вложува напори, со проширување на содржината на обрасците, да овозможи
прибирање на што повеќе податоци потребни за државата и за меѓународните институции, како и што поголема
споредливост на меѓународно ниво.