Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки - центри за ран детски развој , 2015

 


Статистичкиот преглед број 2.4.16.01/842 за 2015 година претставува продолжение на серијата податоци објавени во Статистичкиот преглед број 2.4.15.03/ 806 за 2014. Во него се презентирани податоци за установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки / центри за ран детски развој за 2015 година.

Статистичкиот преглед содржи податоци за установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки/ центри за ран детски развој (државни и приватни) според должината на дневниот престој и исхраната, потоа податоци за бројот на деца кои се корисници на партиципација, број на деца според возраста и полот, број на деца според занимањето на родителот -старателот, како и за бројот на деца според вработеноста на родителот. Исто така, во рамките на детските градинки се опфатении вработените според степенот на квалификацијата и според припадноста кон етничка заедница. И, на крај, тука е и прегледот поопштини, во кој се презентирани податоци за бројот на деца и групи според јазикот на кој се изведува дејноста, бројот на деца според возраста и полот, како и бројот на вработени според занимањето, како и табела по региони и по населени места.

Државниот завод за статистика вложува напори со проширување на содржината на обрасците да овозможи прибирање нашто повеќе податоци потребни за државата и за меѓународните институции, како и што поголема споредливост на меѓународно ниво.

Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата улога и на корисниците ќе им ги даде основните податоци за установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки/ центри за ран детски развој.

Оценките и предлозите на корисниците ќе ги примиме со голема благодарност.


           
Датум на издавање: 12.05.2016
PDF:   Преземи ја публикацијата 625KB
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 54
ISBN: 978-608-227-220-7
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика