Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки, 2013

 


Статистичкиот преглед број 2.4.14.01/770 за 2013 година претставува продолжение на серијата податоци
објавени во Статистичкиот преглед број 2.4.13.04/739 за 2012. Во него се презентирани податоци за установите
за згрижување и воспитание на деца - детски градинки за 2013 година.
Статистичкиот преглед содржи податоци за јавни и приватни установи за згрижување и воспитание на
деца - детски градинки според должината на дневниот престој и исхраната, потоа податоци за број на деца кои се
корисници на партиципација, број на деца според возраста и полот, број на деца според занимањето на родителот
- старателот, како и за број на деца според вработеноста на родителот. Исто така, во рамките на детските градинки
се опфатени и вработените според степенот на квалификацијата и според припадноста кон етничка заедница. И, на
крај, тука е и прегледот по општини, во кој се презентирани податоци за бројот на деца и групи според јазикот на
кој се изведува дејноста, бројот на деца според возраста и полот, како и бројот на вработени според занимањето,
како и табела по региони и по населени места.
Државниот завод за статистика вложува напори со проширување на содржината на обрасците да овозможи
прибирање на што повеќе податоци потребни за државата и за меѓународните институции, како и што поголема
споредливост на меѓународно ниво.


           
Датум на издавање: 29.4.2014
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.24Mb
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 38
ISBN: 978-608-227-133-0
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика