Јавни установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки ,
2012
Статистичкиот преглед број 2.4.13.04 за 2012 година претставува продолжение на серијата податоци објавени во Статистичкиот преглед број 2.4.12.01/708. Во него се презентирани податоци за установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки за 2012 година.
Статистичкиот преглед содржи податоци за јавни и приватни установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки според должината на дневниот престој и исхраната, потоа податоци за број на деца кои се корисници на партиципација, број на деца според возраста и полот, број на деца според занимањето на родителот - старателот, како и за број на деца според вработеноста на родителот. Исто така, во рамките на детските градинки се опфатени и вработените според степенот на квалификацијата и според припадноста кон етничка заедница. И, на крај, тука е и прегледот по општини, во кој се презентирани податоци за бројот на деца и групи според јазикот на кој се изведува дејноста, бројот на деца според возраста и полот, како и бројот на вработени според занимањето, како и табела по региони и по населени места.
Државниот завод за статистика вложува напори со проширување на содржината на обрасците да овозможи прибирање на што повеќе податоци потребни за државата и за меѓународните институции, како и што поголема споредливост на меѓународно ниво.
Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата улога и на корисниците ќе им ги даде основните податоци за установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки.
Оценките и предлозите на корисниците ќе ги примиме со голема благодарност.
|
Датум на издавање: |
22.4.2013 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.18MB
|
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
34 |
|
ISBN: |
978-608-227-097-5 |
|
ISSN: |
1409-8997 |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика