Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Јавни установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки, 2010

 


Статистичкиот преглед број 2.4.11.03/676 за 2010 година претставува продолжение на серијата податоци објавени во Статистичкиот преглед број 2.4.10.02/646. Во него се презентирани податоци за јавните установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки за 2010 година.

Статистичкиот преглед содржи податоци за јавните установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки според должината на дневниот престој и исхраната, потоа податоци за број на деца кои се корисници на партиципација, број на деца според возраста и полот, број на деца според занимањето на родителот - старателот, како и за број на деца според вработеноста на родителот. Исто така, во рамките на детските градинки се опфатени и вработените според степенот на квалификацијата и според припадноста кон етничка заедница. И, на крај, тука е и прегледот по општини, во кој се презентирани податоци за бројот на деца и групи според јазикот на кој се изведува дејноста, бројот на деца според возраста и полот, како и бројот на вработените според занимањето, како и табела по региони и по населени места.


           
Датум на издавање: 12.5.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.95MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 39
ISBN: 978-608-227-019-7
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 450 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика