Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Јавни установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки , 2008

 


Статистичкиот преглед број 2.4.9.02/614 за 2008 година претставува продолжение на серијата податоци објавени во Статистичкиот преглед број 2.4.8.01/579. Во него се презентирани податоци за јавните установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки за 2008 година.

Статистичкиот преглед содржи податоци за јавните установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки според должината на дневниот престој и исхраната, потоа за деца кои се корисници на партиципација, број на деца според возраста и полот, број на деца според занимањето на родителот - старателот, како и број на деца според вработеноста на родителот. Исто така, во рамките на детските градинки се опфатени и вработените според степенот на образованието и според припадноста на етничката заедница. И, на крај, тука е и прегледот по општини, во кој влегуваат податоците за бројот на деца и групи според јазикот на кој се изведува дејноста, бројот на деца според возраста и полот, како и бројот на вработените според занимањето, како и табела по региони и по населени места.


           
Датум на издавање: 01.4.2009
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.25MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 35
ISBN: 978-9989-197-50-5
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 450 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика