Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Градежништвото во Република Македонија, 2004-2008

 


Во согласност со својата пракса, Државниот завод за статистика го објавува овој Статистички преглед за состојбата во градежништвото во Република Македонија.

За периодот од 2004 до 2008 година, опфатена е состојбата на станбената изградба и тоа: изградени, незавршени и урнати станови.

За 2007 и 2008 година, презентирана е состојбата на изградба на сите видови објекти во Република Македонија, вредноста на тие објекти, количината на потрошениот градежен и погонски материјал при изградбата на објектите и вкупната вредност на извршените и договорените градежни работи во странство.

Податоците кои се обработени во овој Статистички преглед се добиени врз основа на редовните истражувања од областа на градежната статистика, а од 1999 година се применува новата Номенклатура на градежни објекти и градежни работи којашто во делот за градежни објекти е изработена врз основа на Класификацијата на видовите градежни објекти (Classification of Types of Constructions) во издание на Еуростат, август 1997 година, а во делот за градежни работи, врз основа на европската Статистичка класификација на производи според активноста (Statistical Classifications of Products by Activity) во издание на Еуростат од 1996 година. Номенклатурата е изработена во Одделението за градежна и комунална статистика при Државниот завод за статистика, во март 1999 година.

Табелите во овој Статистички преглед кои ја опфаќаат изградбата на становите и извршувањето на градежните работи по видови на градба, се претставени на ниво на општини и статистички региони, според Номенклатурата на територијални единици за статистика (НТЕС) за Република Македонија, усвоена во 2007 година.


           
Датум на издавање: 07.10.2009
PDF:   Преземи ја публикацијата 3.45MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 31
ISBN: 978-9989-197-73-4
ISSN: 1857-5234
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 400 денари


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика