Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Градежништвото во Република Македонија, 2003-2007

 


Во согласност со својата практика, Државниот завод за статистика го објавува овој статистички преглед за состојбата во градежништвото во Република Македонија.

За периодот од 2005 до 2009 година, е опфатена состојбата на станбената изградба и тоа: изградени, незавршени и урнати станови.

За 2008 и за 2009 година, е презентирана состојбата на изградбата на сите видови објекти во Република Македонија, вредноста на тие објекти, вредноста на потрошениот градежен и погонски материјал при изградбата на објектите и вкупната вредност на извршените и договорените градежни работи во странство.

Податоците што се обработени во овој статистички преглед се добиени врз основа на редовните истражувања од областа на градежната статистика, а од 1999 година се применува новата Номенклатура на градежни објекти и градежни работи, која во делот за градежни објекти е изработена врз основа на Класификацијата на видовите градежни објекти (Classification of Types of Constructions) во издание на Евростат.

Табелите во овој Статистички преглед што ги опфаќаат изградбата на становите и извршувањето на градежните работи по видови градба се претставени на ниво на општини и на статистички региони, согласно со Номенклатурата на територијални единици за статистика (НТЕС) за Република Македонија, усвоена во 2007 година.


           
Датум на издавање: 01.10.2008
PDF:   Преземи ја публикацијата 298KB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 30
ISBN: 978-9989-197-41-3
ISSN: 1857-5234
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 400 денари


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика