Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Градежништвото во Република Македонија, 2007 - 2011

 


Во согласност со својата пракса, Државниот завод за статистика го објавува овој Статистички преглед за состојбата во  градежништвото во Република Македонија.
За периодот од 2007 до 2011 година, опфатена е состојбата на станбената изградба и тоа: изградени, незавршени и
урнати станови.
За 2010 и 2011 година, презентирана е состојбата на изградба на сите видови објекти во Република Македонија, вредноста  на тие објекти, вредноста на потрошениот градежен и погонски материјал при изградбата на објектите и вкупната вредност на  извршените и договорените градежни работи во странство.
Податоците кои се обработени во овој Статистички преглед се добиени врз основа на редовните истражувања од областа  на градежната статистика, а од 1999 година се применува новата Номенклатура на градежни објекти и градежни работи којашто  во делот за градежни објекти е изработена врз основа на Класификацијата на видовите градежни објекти (Classification of Types  of Constructions) во издание на Евростат, август 1997 година, а во делот за градежни работи, врз основа на европската Статистичка  класификација на производи според активноста (Statistical Classifications of Products by Activity) во издание на Евростат од 2008  година.
Табелите во овој Статистички преглед кои ја опфаќаат изградбата на становите и извршувањето на градежните работи по  видови на градба, се претставени на ниво на општини и статистички региони, во согласност со Номенклатурата на територијални  единици за статистика (НТЕС) за Република Македонија, усвоена во 2007 година.


           
Датум на издавање: 13.9.2012
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.38Mb
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 26
ISBN: 978-608-227-084-5
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика