Градежништвото во Република Македонија,
2005-2009
Во согласност со својата практика, Државниот завод за статистика го објавува овој статистички преглед за состојбата во градежништвото во Република Македонија. За периодот од 2005 до 2009 година, е опфатена состојбата на станбената изградба и тоа: изградени, незавршени и урнати станови. За 2008 и за 2009 година, е презентирана состојбата на изградбата на сите видови објекти во Република Македонија, вредноста на тие објекти, вредноста на потрошениот градежен и погонски материјал при изградбата на објектите и вкупната вредност на извршените и договорените градежни работи во странство. Податоците што се обработени во овој статистички преглед се добиени врз основа на редовните истражувања од областа на градежната статистика, а од 1999 година се применува новата Номенклатура на градежни објекти и градежни работи, која во делот за градежни објекти е изработена врз основа на Класификацијата на видовите градежни објекти (Classification of Types of Constructions) во издание на Евростат. Табелите во овој Статистички преглед што ги опфаќаат изградбата на становите и извршувањето на градежните работи по видови градба се претставени на ниво на општини и на статистички региони, согласно со Номенклатурата на територијални единици за статистика (НТЕС) за Република Македонија, усвоена во 2007 година.
|
Датум на издавање: |
12.11.2010 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.17MB
|
|
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
28 |
|
ISBN: |
978-608-227-008-1 |
|
ISSN: |
|
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
400 денари
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика