Попис на просторот на високообразовните установи,
2017
Во публикацијата се презентирани резултатите од Пописот на просторот на високообразовните установи - факултети и високи стручни школи во Република Македонија, кој е спроведен електронски за прв пат во 2017 година.
Податоците се однесуваат на состојбата од 22 до 30 мај 2017 година.
Целта на Пописот е да се добијат податоци за расположливиот простор на факултетите и високите стручни школи во Република Македонија, за големината на просторот, неговата оптовареност со студенти, градежните карактеристики на зградите, колку факултети и високи стручни школи имаат опремени наставни простории и други простории, за бројот на амфитеатрите, предавалните, просториите со компјутерска опрема, лабораториите, библиотеките, читалните, како и податоци за земјиштето и неговото користење.
Податоците се прикажани во два дела: во првиот дел се прикажани податоци за просторот – зградите кои ги користат високообразовните установи во Република Македонија, додека во вториот дел се прикажани податоците за високообразовните установи – факултети и високи стручни школи во Република Македонија.
Во публикацијата не се прикажани податоците од Меѓународниот балкански универзитет – Скопје. Бараните податоци не беа доставени во предвидениот временски рок.
Очекуваме дека публикацијата ќе им даде на корисниците неопходни информации за анализи, планирања и подготовка на научни трудови за просторот на високообразовните установи во државата.
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика