Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Анкета за образование на возрасни лица, 2016

 


Квалитетните и сеопфатни податоци за учеството во формалното и неформалното образование и обука се од суштинска важност за подобро да се насочат активностите за доживотно учење.

Унапредувањето на статистичкиот информативен систем на пазарот на трудот е една од приоритетните развојни цели на Државниот завод за статистика.

Преку Анкетата за образование на возрасни, која за првпат се спроведе во 2016, се обезбедуваат важни индикатори за доживотното учење, кои овозможуваат евалуација и креирање на идни развојни политики во однос на доживотното учење и надградување на капацитетите на учесниците на пазарот на труд.

Во публикацијата се објавени резултатите од оваа Анкета, и се презентирани податоци за учеството во формалното и неформалното образование и обука, пристапот до информации за можности за учење, просечниот број на часови поминати во образование и обука, активности кои биле финансирани од работодавачот, волјата и пречките за учество во образование и доживотно учење, познавањето на странски јазици, според индивидуалните белези на испитаниците и видовите на образовни активности.

Содржината на публикацијата е презентирана во два дела: Во првиот дел се содржани концепциските, методолошките и организациските основи на Анкетата за образование на возрасни. Целта е со методолошките објаснувања на некои поими и белези, за изворите на податоците и за опфатноста на истражувањето да се овозможи полесно и правилно користење на податоците содржани во оваа публикација.

Вториот дел ги содржи дефинитивните резултати од оваа Анкета, презентирани во табели. Државниот завод за статистика се надева дека публикацијата ќе ја исполни својата улога, на јавноста и на корисниците да им овозможи квалитетни податоци за учеството во образование и доживотно учење.

Евентуалните забелешки и предлози за подобрување на изданието, Заводот ќе ги прими со благодарност.


           
Датум на издавање: 14.07.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата  416KB
Excel:    Преземи табели
   
Број на страници: 33
ISBN: 978-608-227-272-6
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика