Статистички албум на Република Македонија,
1991-2016
Оваа публикација е специјално издание по повод одбележувањето на 25 години на Државниот завод за статистика во самостојна Република Македонија. Определувајќи се за графичко прикажување на основните резултати и тенденции на нашиот општествено - економски развој во периодот од осамостојувањето во 1991 до 2016 година, Државниот завод за статистика настојува бројните, досега објавени информации, карактеристични за одделни етапи од развојот на поважните области од општествениот и стопанскиот живот, да ги прикаже сликовито и популарно, така што да бидат достапни, разбирливи и поинтересни за поширокиот круг на корисници. Во таа смисла е прилагоден и изборот и систематизацијата на материјалот. Во оваа публикација, прва од ваков вид во издание на Државниот завод за статистика во самостојна Македонија, е применет вообичаениот редослед на прикажување на одделни области. Идејата за публикацијата, изборот на податоците и графичките решенија во целост се дело на Државниот завод за статистика со што се приклучуваме кон одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на самостојна Република Македонија.
Датум на издавање: |
01.08.2016 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
13.3Mb
|
|
|
|
|
Број на страници: |
41 |
ISBN: |
978-608-227-237-5 |
ISSN: |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика