Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар,
2001 - 2012
Усогласувањето на статистичката продукција во областа на краткорочните статистики со европските стандарди налага почитување на регулативите на Евростат според кои секоја петта година се прави промена на базната година за пресметка на индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар со кои се следи развојот на појавата во еден подолг временски период. Државниот завод за статистика, во пресметката на индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, од јануари 2013 година ја промени базната година од 2005 во 2010 година. За да се обезбеди временска серија на споредливи податоци, месечните индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, од 2001 до 2012 година, се прилагодени на 2010 како базна година.
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика