Попис на капацитетите во угостителството, во Република Македонија,
2016
Во публикацијата Попис на капацитетите во угостителството во Република Македонија, 2016 година, се прикажани дел од табелите во кои се обработени податоците од Пописот на капацитетите во угостителството. Пописот е спроведен во согласност со Програмата за статистички истражувања за периодот 2013-2017 година. Пописот на капацитетите во угостителството беше спроведен во периодот од 1 до 12 ноември 2016 година на целата територија на Република Македонија, со критичен момент 30 септември 2016 година. Целта на Пописот беше да се обезбедат целосни податоци за бројот на угостителските објекти и за нивната територијална разместеност, видот, категоријата, големината на прометот, големината на просторот и бројот на вработените во угостителските објекти на територијата на Република Македонија. Пописот на капацитетите во угостителството е хармонизиран со методолошките препораки на Евростат во однос на содржината и белезите. Податоците во оваа публикација се прикажани на ниво на Република Македонија и на ниво на општини. Подетални податоци корисниците може да добијат од други публикации, во форма на документациски табели и во базата на податоци Макстат на Државниот завод за статистика.
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика