Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2017

 


Во статистичкиот преглед „Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2017“ се систематизирани и
презентирани податоците за површините по категории на користење, површините и производството на
житни, индустриски, градинарски и фуражни растенија, бројот на овошни стебла и пенушки винова лоза
и производството на овошје и грозје во 2017 година, како и податоци за период од повеќе години.


Податоците по општини се дадени во согласност со територијалната организација усвоена со Законот
за територијална организација на локалната самоуправа на Република Македонија.


Заради полесно користење на податоците, во прегледот се дадени и одредени методолошки
објаснувања за начинот на прибирање и карактеристиките на одделни категории земјиште.


Државниот завод за статистика се надева дека Статистичкиот преглед ќе ја исполни својата основна
улога, на јавноста и на корисниците да им ги презентира основните податоци од областа на полјоделството,
овоштарството и лозарството за определена состојба, а евентуалните забелешки и сугестии за подобрување
на изданието ќе ги прими со благодарност.

 

Почитувани корисници,
Најновите податоци од оваа публикација во иднина ќе бидат објавувани во МАКСтат базата на податоци

 



           
Датум на издавање: 04.05.2018
PDF:   Преземи ја публикацијата  1.71MB
Excel:    Преземи табели
   
Број на страници: 60
ISBN: 978-608-227-294-8
ISSN: 1857-520X
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика