Бруто-домашен производ,
2016
Почитувани корисници,
Овој статистички преглед е редовно годишно издание на Секторот за национални сметки. Податоците во оваа публикација се дадени за серијата 2014 – 2016 година.
Содржината на публикацијата е презентирана во пет дела.
Во првиот дел се содржани концепциските и методолошките основи, а во другите делови се прикажани табели со соодветна ознака: Серија М - Макроекономски табели, во кои се презентирани макроекономски податоци; Серија П – Производство на стоки и услуги, која содржи податоци за БДП пресметан според производниот метод; Серија Д – Создавање доход, со податоци за доходовните компоненти на БДП пресметан според доходовниот метод; Серија Т – Употреба на стоки и на услуги, која содржи податоци за трошочните компоненти на БДП пресметан според трошочниот метод и табели во кои се прикажуваат подетални податоци за инвестициите во основни средства.
Сакаме да напоменеме дека подетални податоци за основните категории на БДП, вклучувајќи ги и инвестициите во основни средства, се наоѓаат во базата на податоци МакСтат на веб-страницата на Државниот завод за статистика (www.stat.gov.mk).
Државниот завод за статистика и натаму ќе продолжи со имплементирање на методите и дефинициите за националните сметки што се воведуваат во Европскиот статистички систем со цел подобрување и збогатување на податоците што ги продуцира, а, пред сè, споредливост со другите земји во Европа и во светот.
Сите забелешки и предлози во функција на подобрување на содржината на публикацијата ќе бидат прифатени со задоволство.
Ова е последно издание на публикацијата „Бруто-домашен производ, 2016“. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на податоци.
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
БДП според производниот метод, по постојани цени, на годишно ниво, 2014 (БДП.ПП)
|
БДП според производниот метод, по тековни цени, на годишно ниво, 2014 (BDP.PT)
|
Бруто-домашен производ според расходниот метод, по постојани цени, на годишно ниво, 2014 (БДП.TП)
|
БДП според трошочниот метод, по тековни цени, на годишно ниво, 2014 (БДП.ТТ)
|
© Државен завод за статистика