Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци за воспитно-образовниот процес во основното и во средното образование што се добиени од редовните годишни статистички истражувања спроведени на почетокот на учебната 2017/2018 година, во сите основни и средни училишта.
Публикацијата содржи податоци за бројот на основните училишта (редовни, специјални, основни за возрасни и основни уметнички училишта), паралелки, запишани ученици по пол, по одделенија, по општини, ученици според учењето на странски јазик (прв и втор задолжителен и факултативен), ученици на кои им е обезбеден бесплатен превоз, сместување во дом и во приватни семејства. Исто така, презентирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, возраста, фондот на часови и степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници.
Според измените во Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ број 51/2007), од учебната 2007/2008 година, основното образование во Република Македонија трае 9 години (деветолетка) и е задолжително за сите деца од 6-годишна возраст.
Кај средните училишта (редовни, специјални, верски), покрај бројот на училиштата се обезбедуваат податоци и за
паралелките, учениците по пол, по струка, по времетраење на образовните програми и по општини, ученици според возраста и годината на учење, според учењето странски јазик (прв и втор задолжителен и факултативен). Исто така, презeнтирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, возраста, фондот на часови и степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници.
Во согласност со aдминистративната поделба на Република Македонија од 2013 година, општините Другово,
Вранештица, Зајас и Осломеј престанаa да постојат и тие се припоени кон општина Кичево. Поради тоа, почнувајќи од учебната 2013/2014 година, во публикациите нема да има податок кај гореспоменатите општини, а во општина Кичево, бројот на училишта, ученици и наставници ќе биде поголем.
Најновите податоци од оваа публикација се достапни во МакСтат база на податоци.
Ова е последно издание на публикацијата „Основни и средни училишта на почетокот на учебната година 2017/2018“. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на податоци.