Анкета за цената на трудот, 2016,
2016
Воспоставувањето сеопфатен статистички информативен систем за пазарот на трудот е една од приоритетните развојни цели на Државниот завод за статистика.
Податоците за платите и останатите трошоци, земени како трошок на работодавецот за вработените, а не како примања на вработените, се едни од основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.
За да се обезбедат овие информации, се спроведува Анкетата за цената на трудот во Република Македонија.
Во публикацијата се објавени резултатите од оваа Анкета и се презентирани податоци за целокупните издатоци на работодавецот направени за вработените по одделни видови издатоци и според видовите сопственост (приватна и друга) што може да послужат за анализа на одделни појави и прашања во областа на пазарот на трудот.
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика