Публикацијата содржи податоци за правата од социјална заштита на малолетни и на полнолетни корисници во
2023 година; податоци за установите за сместување на деца и млади без родители и родителска грижа; за установите
за згрижување лица со пречки во менталниот и во телесниот развој; установите за згрижување на деца и млади со
воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение; за установите домови за возрасни лица; за трговските друштва
за вработување инвалиди, како и податоци за меѓуопштинските центри за социјална работа.
Во него се презентирани и податоци за додатоците за деца во 2023 година, како и податоци за родителските
додатоци за дете за 2023 година.
Државниот завод за статистика вложува напори да овозможи прибирање на што повеќе податоци потребни
за државата и за меѓународните институции со проширување на содржината на обрасците, како и што поголема
споредливост на меѓународно ниво.
Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата улога да им ги даде на корисниците основните податоци
за организациите за социјална заштита на децата, младите и возрасните лица и за домовите за ученици/студенти.
Оценките и предлозите на корисниците ќе ги примиме со голема благодарност.