Установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки - центри за ран детски развој,
2017
Статистичкиот преглед број 2.4.18.02/893 за 2017 година претставува продолжение на серијата податоци објавени во Статистичкиот преглед 2.4.17.03/871 за 2016. Во него се презентирани податоци за установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки/центри за ран детски развој за 2017година.
Статистичкиот преглед содржи податоци за установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки/ центри за ран детски развој (државни и приватни) според должината на дневниот престој и исхраната, потоа податоци за бројот на децата кои се корисници на партиципација, бројот на децата според возраста и полот, бројот на децата според занимањето на родителот/старателот, како и за бројот на децата според вработеноста на родителот. Исто така, во рамките на детските градинки се опфатени и вработените според степенот на квалификацијата и според припадноста кон етничката заедница. И, на крај, тука е и прегледот по општини, во кој се презентирани податоци за бројот на децата и групите според јазикот на кој се изведува дејноста, бројот на децата според возраста и полот, како и бројот на вработените според занимањето, како и табела по региони и по населени места.
Државниот завод за статистика вложува напори со проширување на содржината на обрасците да овозможи прибирање на што повеќе податоци потребни за државата и за меѓународните институции, како и што поголема споредливост на меѓународно ниво.
Ова е последно издание на публикацијата „Установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки - центри за ран детски развој, 2017“. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на податоци.
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика