Методолошко објаснување за соопштението:
Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти
Цел на статистичкото истражување
Статистичкото истражување ИКТ.1 е годишно истражување за употребата на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во деловните субјекти. Со истражувањето се добиваат податоци кои се однесуваат на користењето на ИКТ во тековната (референтната) година, на пример, дали деловните субјекти употребуваат компјутер, дали имаат пристап до интернет, кои се типовите на интернетската конекција, имаат ли веб-страница, дали споделуваат информации електронски и автоматски со други надворешни субјекти надвор од деловниот субјект и внатре во рамките на деловниот субјект, додека дел од податоците се однесуваат за претходната година, како што се податоците за е-трговијата и користењето услуги на е-влада.
Резултатите од ова истражување и резултатите од други истражувања од оваа област ќе придонесат за одредување на степенот на развој на информатичкото општество во нашата земја.
Единици на посматрање
Единици на посматрање се деловните субјекти регистрирани на територијата на Република Македонија чија главна дејност е во следните дејности според Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2), по оддели, групи или класи:
10-33: Преработувачка индустрија (производство на прехранбени производи, текстил, производи од дрво, тутун, хартија, печатење; производство на кокс и рафинирани нафтени производи, хемиски, фармацевтски производи, производи од гума и пластика, производство на други неметални минерални производи; производство на метали и метални производи, производство на компјутерски, електронски и оптички производи, електрична опрема, машини и уреди, и останата производствена индустрија);
35-39: Снабдување со електрична енергија, гас, вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината;
41-43: Градежништво;
45-47: Трговија, поправка на моторни возила и моторцикли;
49-53: Транспорт и складирање;
55: Сместување;
56: Услуги поврзани со храна и пијалаци;
58-63: Информации и комуникации;
68: Дејности во врска со недвижен имот;
69-74: Стручни, научни и технички дејности;
77-82: Административни и помошни дејности.
Финансиски и осигурителни активности:
64.19, 64.92: Друго монетарно и друго кредитно посредување;
65.1, 65.2: Осигурување и реосигурување;
66.12, 66.19: Посредување во работењето со хартии од вредност и стокови договори; Останати помошни дејности кај финансиските услуги, освен осигурување и пензиски фондови.
Посебно ги прикажуваме податоците за ИКТ секторот кој ги опфаќа претпријатијата регистрирани во следните дејности:
26.1: Производство на електронски составни компоненти и електронски плочи,
26.2: Производство на компјутери и периферна опрема,
26.3: Производство на опрема за комуникација,
26.4: Производство на електроника за широка потрошувачка,
26.8: Производство на магнетни и оптички медиум,
46.5: Трговија на големо со информатичка и комуникациска опрема,
58.2: Издавање на софтвер,
61: Телекомуникации,
62: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности,
63.1: Обработка на податоци, хостирање и слични дејности; интернет-портали
95.1: Поправка на компјутери и опрема за комуникации
Забелешка: Во ова истражување, од 2011 година почна да се применува НКД Рев.2 наместо НКД Рев.1.1. Во 2010 година во истражувањето беа применувани и двете класификации, НКД Рев.1.1 и НКД Рев.2, и беа додадени дејностите: “Снабдување со електрична енергија, гас, вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“ и “Поправка на компјутери и опрема за комуникации“.
Од 2014 година, како единици на набљудување се исклучени деловните субјекти со следните финансиски дејности од НКД Рев.2: 64.19, 64.92, 65.1, 65.2, 66.12 и 66.19.
Според бројот на вработените, деловните субјекти се класифицирани во следниве групи:
Микро: со 1-9 вработени
Мали: со 10-49 вработени
Средни: со 50-249 вработени
Големи: со 250 и повеќе вработени
Забелешка: Од 2012 година, како единици на набљудување се исклучени деловните субјекти под 10 вработени.
Примерокот е стратифициран случаен примерок. Стратификацијата на примерокот е по групи на дејности и по групи на вработени.
Рамката за примерокот е Статистичкиот деловен регистар со состојба на крајот на претходната година.
Метод на прибирање податоци
Податоците се прибираат со пополнување на прашалник (образец ИКТ.1). До 2014 година, прашалникот до избраните деловни субјекти се испраќаше во хартиена форма (пo пошта), а од 2015, тој се пополнува електронски во естат системот.
Прашалниците и основните методи на истражувањето се подготвени според методологијата и препораките на Евростат (Статистичко биро на Европската унија), во согласност со регулативите на Европската унија.
Регулативата на Европскиот парламент и Советот, број 808/2004 (Regulation (EC) no. 808/2004) е рамковна регулатива и основа на која, на годишно ниво, се донесуваат комисиски регулативи во врска со статистиките на Заедницата за информатичкото општество.
Референтен период за повеќето варијабли е тековната состојба (односно состојбата во тековната година), а за користење електронска влада и електронска трговија (купување / продавање преку веб-страници или ЕДИ-пораки) референтен период е претходната година.
Пондерирање
Прикажаните податоци се оценка на добиените одговори од деловните субјекти. Пондерирањето на добиените одговори од деловните субјекти е направено со Хорвиц-Томсоновиот (HT) естиматор на обратни веројатности, по стратуми, при што се користени статистички процедури на САС.
Дефинициите и другите појаснувања од областа на ИКТ се наоѓаат на линкот.
Последно ажурирање:
20.03.2019
|