+A   |  -A
ïïï: 202 | âââ: 75358
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти


Состојба: 03.11.2015


Цел на статистичкото истражување

Статистичкото истражување ИКТ.1 е годишно истражување за употребата на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во деловните субјекти. Со истражувањето се добиваат податоци кои се однесуваат на користењето на ИКТ во тековната (референтната) година, на пример, дали деловните субјекти употребуваат компјутер, дали имаат пристап до интернет, кои се типовите на интернетската конекција, имаат ли веб-страница, дали споделуваат информации електронски и автоматски со други надворешни субјекти надвор од деловниот субјект и внатре во рамките на деловниот субјект, додека дел од податоците се однесуваат за претходната година, како што се податоците за е-трговијата и користењето услуги на е-влада.
Резултатите од ова истражување и резултатите од други истражувања од оваа област ќе придонесат за одредување на степенот на развој на информатичкото општество во нашата земја.

Единици на посматрање

Единици на посматрање се деловните субјекти регистрирани на територијата на Република Македонија чија главна дејност е во следните дејности според Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2), по оддели, групи или класи:
10-33: Преработувачка индустрија (производство на прехранбени производи, текстил, производи од дрво, тутун, хартија, печатење; производство на кокс и рафинирани нафтени производи, хемиски, фармацевтски производи, производи од гума и пластика, производство на други неметални минерални производи; производство на метали и метални производи, производство на компјутерски, електронски и оптички производи, електрична опрема, машини и уреди, и останата производствена индустрија);
35-39: Снабдување со електрична енергија, гас, вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината;
41-43: Градежништво;
45-47: Трговија, поправка на моторни возила и моторцикли;
49-53: Транспорт и складирање;
55: Сместување;
56: Услуги поврзани со храна и пијалаци;
58-63: Информации и комуникации;
68: Дејности во врска со недвижен имот;
69-74: Стручни, научни и технички дејности;
77-82: Административни и помошни дејности.
Финансиски и осигурителни активности:
64.19, 64.92: Друго монетарно и друго кредитно посредување;
65.1, 65.2: Осигурување и реосигурување;
66.12, 66.19: Посредување во работењето со хартии од вредност и стокови договори; Останати помошни дејности кај финансиските услуги, освен осигурување и пензиски фондови.
Посебно ги прикажуваме податоците за ИКТ секторот кој ги опфаќа претпријатијата регистрирани во следните дејности:
26.1: Производство на електронски составни компоненти и електронски плочи,
26.2: Производство на компјутери и периферна опрема,
26.3: Производство на опрема за комуникација,
26.4: Производство на електроника за широка потрошувачка,
26.8: Производство на магнетни и оптички медиум,
46.5: Трговија на големо со информатичка и комуникациска опрема,
58.2: Издавање на софтвер,
61: Телекомуникации,
62: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности,
63.1: Обработка на податоци, хостирање и слични дејности; интернет-портали
95.1: Поправка на компјутери и опрема за комуникации

Забелешка: Во ова истражување, од 2011 година почна да се применува НКД Рев.2 наместо НКД Рев.1.1. Во 2010 година во истражувањето беа применувани и двете класификации, НКД Рев.1.1 и НКД Рев.2, и беа додадени дејностите: “Снабдување со електрична енергија, гас, вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“ и “Поправка на компјутери и опрема за комуникации“.


   


© Државен завод за статистика