+A   |  -A
ïïï: 199 | âââ: 66674
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Цени на електрична енергија и природен гас


Извор на податоци
Извори на податоци за полугодишното соопштение за цените на електричната енергија и природниот гас се полугодишниот извештај за цените на електричната енергија Ене.Ц5 и полугодишниот извештај за цените на природниот гас Ене.Ц3.
Од првото полугодие на 2017 година, извор на податоците за цените на електричната енергија е Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Опфат на податоците
Применет е метод на целосен опфат за деловните субјекти што вршат енергетска дејност трговија со електрична енергија, деловните субјекти што вршат снабдување со електрична енергија на нерегулираниот и регулираниот пазар на електрична енергија и деловните субјекти што вршат енергетска дејност трговија, снабдување и дистрибуција на природен гас.
Во обработката на податоците за цените на природниот гас не се вклучени количествата природен гас потрошени во комбинираните електрани во процесот на производство на електрична енергија и природен гас.

Дефиниции
Цени на електрична енергија
Енергијата и снабдувањето ги вклучуваат: набавната цена на електричната енергија во земјата или од увоз, давачките за снабдување, трошоците за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, трошоците за балансирање и други трошоци во процесот на снабдување.
Цена без ДДВ = Енергија и снабдување + трошок за пренос + трошок за дистрибуција.
Цена co ДДВ = Цена без ДДВ + ДДВ.

Цени на природен гас
Енергијата и снабдувањето ги вклучуваат: набавната цена на природниот гас по која е набавен од земјата или од увоз, давачките за снабдување и други трошоци во процесот на снабдување.
Цена без ДДВ = Енергија и снабдување + трошок за пренос + трошок за дистрибуција.
Цена co ДДВ = Цена без ДДВ + ДДВ.
Нормален метар кубен е волумен на гасот при температура од 20oC и притисок од 1.01325 bar.
Нето-калорична вредност = 0.9 * Бруто-калорична вредност.

Метод на пресметка
Цените се пресметани во согласност со Регулативата 2016/1952 на Европскиот парламент и на Советот од 26 октомври 2016 година за европските статистики за цените на природниот гас и електричната енергија.
Во процес на обработка на цените на природниот гас по GJ е користена просечната бруто-калорична вредност на природниот гас во даденото полугодие.



Последно ажурирање: 30.03.2018

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 02.10.2017
Преземи 29.08.2014
Преземи 28.02.2014
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика