Архива на методолошко објаснување за соопштението:
Цени на електрична енергија и природен гас
Состојба:
28.02.2014
Извор на податоците Извори на податоците за полугодишното соопштение за цените на електричната енергија и природниот гас се Полугодишниот извештај за цените на електричната енергија Ене.Ц5 и Полугодишниот извештај за цените на природниот гас Ене.Ц3. Опфат на податоците При прибирањето на податоците од извештајните единици се користи методот на целосен опфат (за деловните субјекти кои вршат енергетска дејност, трговија и снабдување со електрична енергија и деловните субјекти кои вршат енергетска дејност трговија, снабдување и дистрибуција на природен гас). Дефиниции Набавна цена е цената по која е набавена електричната енергија/природниот гас во земјата или од увоз. Цена без ДДВ е набавната цена зголемена за мрежните трошоци, дистрибутивните трошоци и сите останати давачки (со исклучок на ДДВ). Цена co ДДВ ги вклучува набавната цена, мрежните трошоци, дистрибутивните трошоци, сите останати давачки и ДДВ. Нормален метар кубен е волумен на гас при температура од 20°C и притисок од 1.01325 bar. Нето‐калорична вредност = 0.9* Бруто‐калорична вредност. Метод на пресметка Цените се пресметани во согласност со Директивата 2008/92 на Европскиот парламент и Советот од 22 октомври 2008, која се однесува на процедурата за подобрување на транспарентноста на цените на електричната енергија и природниот гас наплатени на крајните индустриски корисници.
|
© Државен завод за статистика