+A   |  -A
ïïï: 16214 | âââ: 118105
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Цени на електрична енергија и природен гас


Состојба: 29.08.2014


Извор на податоци

Извори на податоци за полугодишното соопштение за цени на електрична енергија и природен гас се полугодишниот извештај за цените на електричната енергија Ене.Ц5 и полугодишниот извештај за цените на природниот гас Ене.Ц3

Опфат на податоците

При прибирањето на податоците од извештајните единици се користи методот на целосен опфат за деловните субјекти кои вршат енергетска дејност трговија со електрична енергија, деловните субјекти кои вршат снабдување на тарифни потрошувачи со електрична енергија и деловните субјекти кои вршат енергетска дејност трговија, снабдување и дистрибуција на природниот гас.

Дефиниции

Цени на електрична енергија

Набавна цена е цена по која е набавена електричната енергија во земјата или од увоз.

Цена без ДДВ е набавната цена на електричната енергија зголемена за трошоци за пренос, дистрибуција, снадбување и сите останати давачки (со исклучок на ДДВ).

Цена co ДДВ е збир од: набавната цена на електричнaта енергија, трошоци за пренос, дистрибуција, снадбување и сите останати давачки и ДДВ.

Цени на природен гас

Набавна цена е цена по која е набавен природниот гас во земјата или од увоз зглемена за трошоци за снабдување на тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас и трошоци за пренос и управување со системот за пренос на природен гас.

Цена без ДДВ е набавната цена на природниот гас зголемена за трошоци за дистрибуција, снадбување и сите останати давачки (со исклучок на ДДВ).

Цена co ДДВ ги содржи: набавната цена, трошоци за дистрибуција, снадбување, сите останати давачки и ДДВ.

Нормален метар кубен е волумен на гас при температура од 20°C и притисок од 1.01325 bar.

Нето калорична вредност = 0.9* Бруто калорична вредност.

Метод на пресметка

Цените се пресметани во согласност со Директивата 2008/92 на Европскиот парламент и Советот од 22 Октомври 2008, која се однесува на процедурата за подобрување на транспарентноста на цените на електричната енергија и природниот гас наплатени на крајните индустриски корисници.


   


© Државен завод за статистика