Цели
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните компании при извршувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.
Индексите се користат и како инпут при пресметките во статистиките на националните сметки, како и во градежните статистики.
Ваквите индекси, исто така, се користат од страна на градежните компании кога се повикуваат на движењето на трошоците при составувањето на градежните договори.
Пресметка
Индексот на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пресметува како пондериран просек од индексот на трошоците за материјали и индексот на трошоците за вработените:
I(cc)t/o = I(mc)t/o*Wо1 + I(lc)t/o*Wо2
I(cc)t/o - Индекс на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
I(mc)t/o - Индекс на трошоците за материјали
I(lc)t/o - Индекс на трошоците за вработените
Wo1/2 - Пондери
Wо1 + Wо2 = 1
За пресметка на индексот на трошоците за материјали се користат податоците за продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар за 96 производи кои припаѓаат на класите:
08.11; 08.12; 16.10; 16.23; 20.16; 20.30; 20.52; 20.59; 22.21; 23.12; 23.20; 23.32; 23.51; 23.61; 23.62; 23.63; 23.64; 23.69; 23.70; 23.99; 24.10; 24.20; 24.34; 25.11; 25.93; 27.32.
Индексот на трошоците за материјали се пресметува врз основа на Ласперовата формула:
I(мc)t/o - Индекс на трошоците за материјали
Pti - Цена на градежниот материјал “i во тековниот период
Poi - Цена на градежниот материјал “i“во базниот период
Woi - Пондер
t - Тековен период
0 - Базен период
Индексот на трошоците за вработените се пресметува од податоците за исплатените бруто-плати по вработен во секторот Градежништво, оддел 41 - Изградба на згради од Националната клaсификација на дејностите, НКД Рев.2. Податоците за просечните исплатени бруто-плати по вработен се преземаат од статистиките за пазарот на трудот (Месечен извештај за вработени и плати).
I(lс)t/o - Индекс на трошоците за вработените
Sti - Просечна исплатена бруто-плата по вработен во тековниот период
Soi - Просечна исплатена бруто-плата по вработен во базниот период
t - Тековен период
0 - Базен период
Пондерирање
Пондерите претставуваат коефициенти кои го покажуваат учеството на секој поединечен трошок (и за материјалите и за вработените) во вкупните трошоци во базната година.