+A   |  -A
ïïï: 7986 | âââ: 92666
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување


Состојба: 05.06.2013


Цели
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните компании при извршувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.
Индексите се користат и како инпут при пресметките во статистиките на националните сметки, како и во градежните статистики.
Ваквите индекси, исто така, се користат од страна на градежните компании кога се повикуваат на движењето на трошоците при составувањето на градежните договори.
 
Пресметка
Индексот на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пресметува како пондериран просек од индексот на трошоците за материјали и индексот на трошоците за вработените:
 
I(cc)t/o = I(mc)t/o*Wо1 + I(lc)t/o*Wо2
 
I(cc)t/o - Индекс на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
I(mc)t/o - Индекс на трошоците за материјали
I(lc)t/o   - Индекс на трошоците за вработените
Wo1/2 - Пондери
Wо1 + Wо2 = 1

За пресметка на индексот на трошоците за материјали се користат податоците за продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар за 92 производа кои припаѓаат на класите:
08.11; 08.12; 08,99; 16.10; 16.23; 20.16; 20.30; 20.52; 20.59; 22.21; 23.12; 23.20; 23.32; 23.51; 23.52; 23.61; 23.62; 23.63; 23.64; 23.70; 23.99; 24.10; 24.20; 24.33; 24.34; 25.11; 25.12; 25.93; 27.32; 31.02.
 
Индексот на трошоците за материјали се пресметува врз основа на Ласперовата формула:




Ic)t/o  - Индекс на трошоците за материјали
Pti        - Цена на градежниот материјал “i“ во тековниот период
Poi       - Цена на градежниот материјал “i“ во базниот период
Woi      - Пондер
t           - Тековен период 
0         - Базен период
 
Индексот на трошоците за вработените се пресметува од податоците за исплатените бруто-плати по вработен во секторот Градежништво, оддел 41 - Изградба на згради од Националната клaсификација на дејностите, НКД Рев.2. Податоците за просечните исплатени бруто-плати по вработен се преземаат од статистиките за пазарот на трудот (Месечен извештај за вработени и плати).



 
I(lс)t/o - Индекс на трошоците за вработените
Sti      - Просечна исплатена бруто-плата по вработен во тековниот период
Soi       - Просечна исплатена бруто-плата по вработен во базниот период
t         - Тековен период  
0        - Базен период
 
Пондерирање
Пондерите претставуваат коефициенти кои го покажуваат учеството на секој поединечен трошок (и за материјалите и за вработените) во вкупните трошоци во базната година.
 
Постапката за пресметка на пондерите е комплексна и се одвива во неколку чекори (сите операции за пресметка на пондерите се прават со податоците од базната година, 2010):
Чекор 1:
Се врши распределба на набавната вредност на потрошените градежни материјали од „Годишниот извештај за потрошени градежни материјали и енергија“, според структурата на вредноста на извршените градежни работи (прометот) во согласност со Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи од „Годишниот извештај за градежни објекти на кои се изведувани работи од страна на деловните субјекти“ на микрониво (деловен субјект).
Чекор 2:
Се врши распределба на вредностите од чекор 1, според структурата на вредноста на прометот на градежните материјали на домашниот пазар, во согласност со Националната номенклатура на индустриски производи, од „Годишниот извештај за индустрија“.
Чекор 3:
Се врши распределба на вредноста на вкупно исплатените годишни бруто-плати од „Годишните сметки на деловните субјекти“, според структурата на вредностите на извршените градежни работи во согласност со Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи од „Годишниот извештај за градежни објекти на кои се изведувани работи од страна на деловните субјекти“.
Чекор 4:
Се врши распределба на вредностите на трошоците од „Годишните сметки на деловните субјекти“ според структурата на вредностите на извршените градежни работи во согласност со Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи од „Годишниот извештај за градежни објекти на кои се изведувани работи од страна на деловните субјекти“.
Чекор 5:
Вака распоредените вредности на секоја ставка одделно, се делат со вкупната вредност на сите ставки и се добиваат пондерациските коефициенти.
 
Ребазирање
Ребазирањето претставува прилагодување на податоците (индексите) пресметани со старата базна година на новата базна година.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување за периодот 2005-2009 година, пресметани со базна година 2005, се прилагодуваат на новата базна година, 2010.
Ребазирањето на серијата на податоци пресметани со старата базна година, се врши со помош на посебен коефициент кој служи како фактор за ребазирање (Chain фактор).
 
Овој коефициент се пресметува како однос помеѓу просечниот годишен индекс за годината која се користи како нова базна, пресметан со новата базна година, и просечниот годишен индекс за истата година, пресметан со старата базна година.
 
Секој поединечен тримесечен индекс пресметан со старата базна година, се множи со овој фактор за ребазирање и со тоа се прилагодува (ребазира) на новата базна година.
 
Применети класификации
Во пресметките се користени:
-          Националната класификација на дејностите, НКД Рев.2 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/2008 година);
-          Националната номенклатура на индустриски производи, ННИП/2008 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 75/2009 година);
-          Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи.
 
Усогласеност со регулативите на ЕУ
Методологијата за пресметка на индексите на трошоците во градежништвото е усогласена со „Методологијата за краткорочни деловни статистики“ на Евростат, за следниве варијабли:.
-          320 Трошоци во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување;
-         321 Трошоци за материјали;
-          322 Трошоци за вработените.

   


© Државен завод за статистика