+A   |  -A
ïïï: 6683 | âââ: 97536
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Основни и средни училишта на почетокот на учебната година


Извор

Извор на податоците се сите извештаи пополнети од страна на извештајните единици (УОП, УОВП и УСП) на почетокот на учебната година.

Извештајни единици

Извештајна единица е секое основно и средно училиште верификувано од страна на Министерството за образование и наука кое работи за време на спроведувањето на истражувањето.


Опфат

Опфатени се сите видови основни училишта (редовни, специјални, училишта за возрасни) и сите видови средни училишта (редовни, специјални и верски), со состојба 30.09 на почетокот на учебната година.
Во податоците за запишани ученици во учебната 2016/2017 година, за прв пат се вклучени и податоци за приватните основни училишта во Република Северна Македонија.

Дефиниции:

Под поимот училиште се смета организација или воспитно-образовна единица која врши настава од одреден вид, по одреден наставен план и програма, со еден или повеќе наставници, без оглед на тоа дали таа организација има самостојна управа или е под раководство на некоја друга управа. Секоја географски одвоена извештајна единица, исто така, се смета за училишна единица.

Основното образование во Република Северна Македонија има за цел стекнување на општо образование и подготвување за понатамошно општо или стручно образование. Основното образование, според Законот за основното образование ("Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 161/2019 и 229/2020), трае 9 години и е задолжително и бесплатно. Вообичаената возраст на учениците од основното образование е од 6 до 14 или 15 години. Основни училишта се: редовните основни училишта кои можат да бидат самостојни, централни или подрачни; специјалните основни училишта - за ученици со пречки во психофизичкиот развој; училиштата за основно образование на возрасни кои им овозможуваат на лица постари од 15 години да се стекнат со основно образование.

Средното образование овозможува стекнување на знаења и развивање на способности за работа и натамошно образование. Средното образование, според Законот за средното образование ("Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 229/2020), се остварува преку образовни планови и програми за: гимназиско, средно стручно, средно уметничко и средно специјално образование за учениците попречени во психофизичкиот развој. Гимназиското и средното уметничко образование траат по 4 години, додека средното стручно образование трае 3 или 4 години и во него учениците се определуваат за една од понудените струки. Покрај горенаведените, во нашата земја постои и средно верско образование, за стекнување на средно верско стручно образование, кое трае 4 или 5 години. Вообичаена возраст на учениците во средното образование е од 14 или 15 до 18 или 19 години. Средното образование се остварува во средни училишта кои се организираат како јавни (државни) училишта и приватни училишта.




Последно ажурирање: 29.07.2022

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 05.01.2017
Преземи 10.02.2011
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика