+A   |  -A
ïïï: 13813 | âââ: 97615
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Основни и средни училишта на почетокот на учебната година


Состојба: 10.02.2011


Извор

Извор на податоците се сите извештаи пополнети од страна на извештајните единици (УОП, УОВП и УСП) на почетокот на учебната година.

Извештајни единици

Извештајна единица е секое основно и средно училиште верификувано од страна на Министерството за образование и наука кое работи за време на спроведувањето на истражувањето.

Опфат

Опфатени се сите видови основни училишта (редовни, специјални, училишта за возрасни) и сите видови средни училишта (редовни, специјални и верски), со состојба на почетокот на учебната година.

Дефиниции:

Под поимот училиште се смета организација или воспитно-образовна единица која врши настава од одреден вид, по одреден наставен план и програма, со еден или повеќе наставници, без оглед на тоа дали таа организација има самостојна управа или е под раководство на некоја друга управа. Секоја географски одвоена извештајна единица, исто така, се смета за училишна единица.

Основното образование во Република Македонија има за цел стекнување на општо образование и подготвување за понатамошно општо или стручно образование. Основното образование согласно Законот за основно образование (Службен весник на Република Македонија бр. 51/2007) трае 9 години и е задолжително и бесплатно. Вообичаената возраст на учениците од основното образование е од 6 до 14 или 15 години. Основни училишта се: редовните основни училишта кои можат да бидат самостојни или подрачни; специјалните основни училишта - за ученици со пречки во психофизичкиот развој; училиштата за основно образование на возрасни кои им овозможуваат на лица постари од 15 години да се здобијат со основно образование.

Средното образование овозможува стекнување на знаења и развивање на способности за работа и натамошно образование. Средното образование, според Законот за средното образование, се остварува преку образовни планови и програми за: гимназиско, средно стручно, средно уметничко и средно специјално образование за учениците попречени во психофизичкиот развој. Гимназиското и средното уметничко образование траат по 4 години, додека средното стручно образование трае 3 или 4 години и во него учениците се определуваат за една од понудените струки. Покрај горенаведените, во нашата земја постои и средно верско образование, за стекнување на средно верско стручно образование, кое трае 4 или 5 години. Вообичаена возраст на учениците во средното образование е од 14 или 15 до 18 или 19 години. Средното образование се остварува во средни училишта кои се организираат како јавни (државни) училишта и приватни училишта.

   


© Државен завод за статистика