Архива на методолошко објаснување за соопштението:
Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен
Состојба:
05.01.2017
Извор на податоци
Податоците за просечната исплатена месечна нето-плата се од редовното месечно статистичко истражување Труд.1 со кое се опфатени 70% од вработените во секој оддел од Националната класификација на дејностите.
Со истражувањето се опфатени сите вработени кои засновале работен однос (на определено или на неопределено време) со деловните субјекти од сите облици на сопственост и органите на државната власт, органите на локалната самоуправа, политичките партии, општествените организации и здруженија во Република Македонија.
Во истражувањето не се опфаќаат: лицата кои самостојно вршат дејност-професија и лицата кои работат кај нив и индивидуалните земјоделци.
Опфат и споредливост
Со истражувањето за просечната исплатена месечна нето-плата по вработен се опфатени исплатените месечни нето-плати на вработените кои имаат засновано работен однос.
Кога вработените за еден или повеќе месеци не примаат плата, во тој случај се исклучува податокот за бројот на вработени при пресметувањето на просекот за тој месец.
Во податоците за просечната исплатена нето-плата по вработен, покрај редовните, вклучени се и заостанатите исплати за оние извештајни единици кои нередовно примаат плата. Податоците за заостанатите исплати за претходните месеци се обработуваат во тековниот месец, без да се врши корекција на веќе објавените и користени податоци.
Дефиниции
Вкупно исплатените нето-плати опфаќаат: исплатени нето-плати за извештајниот месец за работа во полно работно време, покусо од полното и подолго од полното работно време (прекувремена работа), надоместоци на нето-платата од средствата на деловниот субјект за годишен одмор, државни празници, платено отсуство до седум дена, платено отсуство за стручно образование, за боледување до 30 дена и сл., надоместоци на нето-платата на товар на други работодавци за време поминато на вежба по покана на надлежен државен орган, цивилна заштита и сл.
Номиналните индекси се пресметани од апсолутните податоци за просечните нето-плати, додека реалните индекси на нето-платите се резултат на односите на номиналните индекси и индексите на трошоците на животот.
|
© Државен завод за статистика