+A   |  -A
ïïï: 358 | âââ: 83089
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Иновативни деловни субјекти


Состојба: 05.01.1900


1,Цел и значење на истражувањето
 

Иновативноста е клучна за подобрувањата на животниот стандард и може да влијае на поединци, институции, цели економски сектори и земји на повеќе начини. Соодветното  мерење на иновациите и употребата на податоци за иновации во истражувањата може да им помогнат на креаторите на политики подобро да ги разберат економските и социјалните промени, да го проценат придонесот (позитивно или негативно) на иновациите во социјалните и економските цели и да ги следат и оценуваат ефективноста и ефикасноста на нивните политики.

Во ова упатство се објаснуваат методолошките основи и инструментите за спроведување на статистистичкото истражување за иновации и иновациски активности на деловните субјекти.

Со цел да се обезбеди меѓународна споредливост на податоците, применет е стандардниот прашалник за прибирање на податоците (развиен од страна на Евростат и ОЕЦД). Методолошки концепт како основа за спроведување на статистичкото истражување за иновации и иновациски активности на деловните субјекти, е Прирачникот од Осло, (Oslo Manuel) 2018 год. (четврто издание), а методологијата е хармонизирана со меѓународните дефиниции, класификации и номенклатури во согласност со Регулатива на Европската комисија бр. 995/2012. 
 

2.  Законска основа

Статистичкото истражување за иновации и иновациски активности на деловните субјекти, се спроведува во согласност со Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/ 97, 21/07, 51/11, 104/13, 42/14, 192/15  27/16 и 38/18)  и Петгодишната програма за работа на ДЗС, 2018-2022 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 20/ 13,  24/14, 13/15 и 7/16 22/18 и 224/18).


3. Извештајни единици
 

Извештајни единици во статистичкото истражување за иновации се економски активните деловни субјекти, избрани по пат на репрезентативен стратификуван примерок од Статистичкиот деловен регистар.
Извештајни единици кои се вклучени во истражувањето се деловни субјекти со најмалку 10 вработени лица и според Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2) се распоредени во секторите Б, В, Г, Д, Ж, Ѕ, И и одделите 46, 71, 72 и 73.

 

4. Прибирање на податоците (време, период и метод на спроведување на истражувањето)

 

Статистичкото истражување за иновативни деловни субјекти се спроведува за референтен тригодишен период кој претходи на годината во која се спроведува.        

Истражувањето за првпат е спроведено во 2013 год. за референтниот период 2010 – 2012 и оттогаш се спроведува како редовно двегодишно истражување.

 

5.  Дефиниции и други објаснувања

5.1 Поим за иновации

Иновација претставува нов или подобрен производ или процес (или комбинација од двете) којашто значително се разликува од претходните производи или процеси на претпријатието и тоа е  достапно на потенцијалните корисници (производ) или е во употреба од страна на претпријатието (процес).

Иновативни претпријатија се сите претпријатија кои во периодот на набљудување имаат воведено иновација на производ и/или деловен процес  и/или имаат некоја незавршена и/или неуспешна иновациска активност.

Иновациска активност ги вклучува сите развојни, финансиски и комерцијални активности преземени од претпријатието со цел да резултираат во иновација.  

5.2 Видови иновации

1. Иновација на производ (стоки и услуги)
2. Иновација на деловен процес
 

1.Иновација на производ е нова или подобрена стока или услуга којашто значително се разликува од претходните стоки или услуги произведени од претпријатието и која е веќе воведена на пазарот. Вклучени се значителни промени во дизајнот на производот или воведување на дигитални стоки  и услуги. Исклучена е препродажбата на нови производи или мали промени во изгледот на производите.

2.Иновација на деловен процес е нов или подобрен деловен процес во работењето на претријатието, за една или повеке функции при што значително се разликува од претходните деловни процеси на претпријатието и е веке во употреба.


   


© Државен завод за статистика