Архива на методолошко објаснување за соопштението:
Инвестиции во основни средства
Состојба:
30.09.2013
Соопштението содржи податоци за инвестициите во основни средства во Република Македонија за 2012 година. Инвестициите во основни средства се прикажуваат според: вредноста на инвестициите по намена на вложувањата, техничката структура и обликот на сопственоста за целата земја. Извори Користени извори за публикување на ова соопштение се: Годишното истражување за инвестиции во основни средства (ИНВ.01) кое се однесува за деловните субјекти во приватниот, задружниот, мешовитиот и државниот сектор; Податоци од Државниот завод за статистика за пресметката на инвестициите на субјектите кои немаат статус на правно лице како и пресметката на инвестициите во делот на машини и опрема. Извештаен период Стапката на одговор за извештајниот период 1.01-31.12 2012 за годишното истражување ИНВ. 01 е 76.3 %, а се однесува на сите претпријатија кои имаат повеќе од 10 вработени. Методологија Методологијата користена при пресметката на инвестициите во основните средства е во согласност со препораките на SNA 93 и ESA 95. Вредноста на инвестициите во основни средства пресметани според горенаведените извори претставува ставка за пресметката на БДП според расходната страна. За расчленување на инвестициите се користат Националната класификација на дејностите НКД Рев.2 и Класификацијата на производите според дејности.
|
© Државен завод за статистика