+A   |  -A
ïïï: 2956 | âââ: 84201
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Демографија на претпријатија


Состојба: 25.01.2012


Правен основ

Правен основ за обработка, подготовка и дисеминација на податоците за демографија на претпријатијата е Регулативата бр.295/2008 на Европскиот парламент и на Советот од 11 март 2008 година, што се однесува на структурните деловни статистики (Анекс IX).

Извори на податоци

Основен извор за подготовка на податоците за демографијата на претпријатијата во Република Македонија е Статистичкиот деловен регистар којшто, врз основа на Законот за државната статистика, се води во Државниот завод за статистика.

Опфат

Опфатена е популацијата на активни претпријатија чијашто главна дејност според Националната класификација на дејностите-НКД Рев.2 припаѓа во секторите:

- Рударство и вадење на камен;
- Преработувачка индустрија;
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација;
- Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината;
- Градежништво;
- Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли;
- Транспорт и складирање;
- Објекти за сместување и сервисни дејности со храна;
- Информации и комуникации;
- Финансиски дејности и дејности на осигурување (без класа 64.20 - Дејности на холдинг-друштвата);
- Дејности во врска со недвижен имот;
- Стручни, научни и технички дејности;
- Административни и помошни услужни дејности;
- Образование;
- Дејности на здравствена и социјална заштита;
- Уметност, забава и рекреација;
- Други услужни дејности;

Покрај класата 64.20, од опфатот се исклучени и претпријатијата кои според нивната главна дејност припаѓаат во секторите:
- Земјоделство, шумарство и рибарство
- Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување
- Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби
- Дејности на екстратериторијални организации и тела.

Дефиниции

Статистичкиот деловен регистар е збирка на податоци за правни единици (деловни субјекти) и статистички единици.

Основен извор на податоците за водење и ажурирање на Статистичкиот деловен регистар (СДР) е Централниот регистар на Република Македонија кој е надлежен за водење на Трговскиот регистар и регистарот на останати правни лица (со кој се обезбедува целосен опфат на деловните субјекти и нивните организациони единици) и Регистарот на годишни сметки (врз основа на кој се утврдува статусот на економската активност на единиците во СДР).

Деловни субјекти се правни и физички лица кои вршат дејност на територијата на Република Македонија, претходно регистрирани кај надлежен орган во согласност со закон или основани со закон. Деловните субјекти се основа за креирање и ажурирање на статистичката единица-претпријатие.

Правни лица се сите форми на правна конструкција организирана според прописите на земјата (трговски друштва, институции, установи, здруженија и други организации) со утврдени права и обврски, кои својството на правно лице го стекнуваат со денот на нивната регистрација во соодветен надлежен регистар.

Физички лица се субјектите (самостојни извршители на дејности, занаетчии, трговци поединци) кои поседуваат права и обврски , а својството на правен (деловен) субјект им е признаено врз основа на постоечките законски прописи.

Статистички единици се единици креирани исклучиво според статистички критериуми (за статистички цели).

Претпријатието е основна статистичка единица и претставува најмала комбинација на правни единици, односно тоа е организациона единица, производител на стоки и услуги, која поседува одреден степен на автономија во одлучувањето, особено за прераспределување на своите тековни ресурси (Регулатива на ЕУ бр.696/1993 за статистички единици).

Популацијата на активни претпријатија се состои од оние претпријатија кои во кое било време во текот на референтната година имале приход и/или вработени.

Главна (претежна) дејност е дејноста која има најголемо учество во структурата на приходот на претпријатието што го остварило од вршење на дејностите.

Основни демографски појави се создавањата и згаснувањата на претпријатијата.

Создавање на претпријатие претставува независен настан кој влијае само на едно претпријатие во популацијата на активни претпријатија и опфаќа креирање на една нова комбинација на производствени фактори. Настаните како што се спојување, раздвојување, преземање, издвојување, се исклучуваат од процесот на создавање на претпријатие, како и реактивирањето на претпријатие кое било во мирување помалку од две години не се смета за новосоздадено претпријатие.

Згаснување на претпријатие претставува настан кој се однесува на престанување (згаснување) на една комбинација на производствени фактори, со ограничување други претпријатија да не се вклучени во тој настан. Настаните како што се спојување, раздвојување, преземање, издвојување, се исклучуваат од процесот на згаснување на претпријатие, како и претпријатијата кои по мирување помалку од две години се реактивираат и продолжуваат со својата активност, не се сметаат за згаснати претпријатија.

Референтна година е годината за која се пресметува популацијата на активните, новосоздадените и згаснатите претпријатија.

Преживеани претпријатија

За преживеано се смета претпријатието кое е создадено во годината xx или преживеало во годината xx од претходната година и е активно, т.е. има промет и/или вработени во наредната година-xx+1.

   


© Државен завод за статистика