+A   |  -A
ïïï: 634 | âââ: 75125
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Бруто-домашен производ


Состојба: 11.02.2011


Извор на податоци

За пресметките на бруто-домашниот производ користени се податоци од годишните сметки што се преземаат од Централен регистар, податоци од редовните статистички истражувања во Државниот завод за статистика, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Народна банка и дополнителни податоци од соодветни институции.

Дефиниции

Бруто-домашниот производ (БДП) по пазарни цени е финален производ на производната активност на резидентните производни единици и е збир на бруто-додадената вредност од пооделните институционални сектори или поодделните дејности, по основни цени, плус данокот на додадена вредност и царините минус субвенциите на производи (што не се распределени по дејности).

Бруто-додадената вредност по основни цени претставува основна категорија на бруто-домашниот производ и се дефинира како разлика меѓу бруто-вредноста на производството и меѓуфазната потрошувачка.

Бруто-домашниот производ според расходниот метод ја прикажува финалната употреба, т.е. потрошувачката на финални производи и услуги произведени во домашната економија, бруто-инвестициите и нето-извозот на стоки и на услуги.

Во рамките на пресметките на БДП по постојани цени, се користат два методи: методот на екстраполација и методот на дефлација. При пресметките на БДП по постојани цени секоја година се менува базната година, односно секоја претходна година се користи како базна година.

   


© Државен завод за статистика