Методолошко објаснување за соопштението:
Активно население
Цел на Анкетата
Целта на Анкетата за работната сила е да се приберат податоци за економската активност на населението и неговите демографски, образовни и други карактеристики во согласност со меѓународните стандарди и препораки (ИЛО и ЕУРОСТАТ).
Единици на набљудување
Единици на набљудување во Анкетата се домаќинството и сите лица во него.
Основни дефиниции
Работоспособно население - го сочинуваат сите лица на возраст од 15 до 79 години.
Економски активното население - го сочинуваат вработените и невработените (работна сила).
Вработени се лицата на возраст од 15 до 79 години кои: - за време на извештајната недела работеле за пари (во готово или во натура) или профит, најмалку 1 час; - за време на извештајната недела привремено (т.е. поради болест, отсуство, студии, прекин на активноста на деловниот субјект итн.) биле отсутни од работното место, но формално биле вработени; - помагале на семејниот имот или во семејното претпријатие без плата.
Невработени - се лицата кои ги исполнуваат следните три услови: - за време на извештајната недела не работеле (според горенаведените критериуми); - активно барале работа, т.е. преземале конкретна активност за наоѓање работа; - биле подготвени да прифатат работа во следните две недели по извештајната недела.
Главни показатели за следење на промените кај работната сила се:
- Стапката на активност како учество на работната сила во работоспособното население на возраст од 15 години и повеќе; - Стапката на вработеност: како учество на вработените во работоспособното население на возраст од 15 години и повеќе
- Стапката на невработеност како учество на бројот на невработените во вкупната работна сила.
Последно ажурирање:
29.03.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Пазар на труд
|
© Државен завод за статистика