+A   |  -A
ïïï: 17001 | âââ: 99697
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Јавни радиодифузни претпријатија и трговски радиодифузни друштва


Податоците прикажани во ова соопштение се добиени преку статистичкото истражување за радиодифузна дејност во Република Македонија кое како редовно статистичко истражување Државниот завод за статистика го спроведува секоја година.

Заради спроведување на статистичкото истражување за 2009 година, доставени се статистички прашалници до 76 радиодифузери кои емитуваат радиопрограма, а повратно се добиени од 71.

Во однос на радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, доставени се статистички прашалници до 71 радиодифузер, а повратно се добиени од 64.

Извештајни единици се: јавното претпријатие - Македонска радио-телевизија, јавните радиодифузни претпријатија и трговските радиодифузни друштва кои работат во согласност со Законот за радиодифузна дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр.20/97; 100/2005; 19/2007; 103/2008).

Бројот на трговските радиодифузни друштва кои ќе бидат извештајни единици во една тековна година зависи од тоа колку од нив ќе добијат концесија за вршење на радиодифузна дејност во тековната година од Советот за радиодифузија на Република Македонија.

Јавните радиодифузни претпријатија и трговските радиодифузни друштва вршат радиодифузна дејност која според Законот за радиодифузна дејност подразбира производство, пренос, емитување и дистрибуција на радио и телевизиска програма.



Последно ажурирање: 09.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика