+A   |  -A
ïïï: 17993 | âââ: 112029
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Библиотеки


Податоците прикажани во ова соопштение се добиени преку статистичкото истражување - Библиотеки во Република Македонија, кое како редовно истражување Државниот завод за статистика го спроведува на секои три години.Во истражувањето се опфатени националните, народните, библиотеките при високообразовните институции, општонаучните и специјализираните библиотеки. Податоците се однесуваат на вкупниот број на библиотеки по видови, обработен книжен фонд на библиотеките, прираст на книжниот фонд, вработени во библиотеките и др.

Библиотека, независно од називот, претставува секоја организирана колекција на печатени книги, периодични изданија или било кои други документи, вклучувајќи графички и аудио - визуелни материјали како и услуги на персоналот кој опслужува и го олеснува искористувањето на тие документи од страна на корисниците заради информации, научни истражувања, образување или одмор.

Член на библиотеката: секое лице запишано (регистрирано) во библиотеката со цел да позајмува библиотечен материјал за користење во или надвор од библиотеката. Корисник: лице кое ги користи услугите на библиотеката во или вон библиотеката. Ако едно лице во текот на годината поповеке пати земало на користење библиотечен материјал на користење, како корисник се искажува онолку пати колку што позајмувало библиотечен материјал.

Користен библиотечен материјал: секој користен документ од библиотечниот материјал. Користениот библиотечен материјал се прикажува онолку пати колку ште е земен на користење, вклучувајќи го и повторното земање на еден ист документ од страна на ист корисник.



Последно ажурирање: 11.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика