+A   |  -A
ïïï: 2928 | âââ: 84116
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Комунален отпад


Податоците прикажани во соопштението се добиени преку статистичкото истражување за комунален отпад за 2014 година. Истражувањето за прв пат е спроведено во 2009-та година (референтна 2008), во согласност со Националното законодавство и Европските стандарди. Периодиката на истражувањето е годишна.

Извештајни единици се комуналните претпријатија во Република Македонија. Врз основа на пополнетите извештаи добиени се податоци за вкупното количество на собран комунален отпад во рамките на соодветната општина како и податоци за третманот на собраниот комунален отпад.

Врз основа на добиените податоци и податоците за бројот на население направена е проценка за вкупното количество на создаден комунален отпад на територијата на Република Македонија. Добиениот индикатор за годишното количество на комунален отпад по жител во килограми претставува количник од вкупното годишно количество на создаден комунален отпад и вкупниот број на население проценето за годината која се набљудува (состојба 01.01.2012).

Дефиниции
Комунален отпад е отпад кој се собира или со него се постапува од или во корист на општините. Го опфаќа отпадот од домаќинствата, вклучувајќи го масивниот отпад, сличен отпад од комерцијални и трговски дејности, службени згради, институции и мали бизниси, отпад од дворовите и градините, уличен смет, содржината на отпадните контејнери и отпадот од чистењето на пазарите. Дефиницијата го исклучува отпадот од општинските канализациони мрежи, како и отпадот од градежништвото и при уривање.

Комерцијален отпад е секој друг отпад создаден од правни и физички лица при вршење на комерцијални, индустриски, занаетчиски, услужни, административни и слични дејности, кој според својата природа или според својот состав е сличен на отпадот од домаќинствата.

Постапување со отпадот е собирање, селектирање, транспортирање, третман, преработка, складирање и отстранување на отпадот, вклучувајќи го и надзорот над овие операции, како и мерките за заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето за време на работата на објектите и на инсталациите за отстранување на отпадот и грижата за него по престанокот на нивната работа.

Одлагање на депонија претставува одлагање на отпадот во или на земја; вклучува специјално опремени депонии и постојани места за привремено складирање повеќе од една година.



Последно ажурирање: 06.05.2015

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 09.12.2014
Преземи 14.06.2012
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика