Методолошко објаснување за соопштението:
Наталитет
Основната цел на Статистиката на родени се состои во прибирање, обработка и следење на податоците за раѓањата, според определени демографски, економски, социјални и други белези.
Врз основа на добиените податоци за родените , пред се, се доаѓа до вкупниот број на живородените и на мртвородените деца. Податоците за бројот на живородените деца го определува наталитетот на една земја, кој претставува позитивна компонента на природниот прираст на населението а заедно со бројот на умрените претставуваат двата основни фактори што го определуваат природното движење на населението.
Опфат
Статистиката на раѓања ги опфаќа живородените и мртвородените деца.
Извештајни единици
Извештајни единици - се матичните служби кои водат матична книга на родени, согласно Законот за матична евиденција - Управа за водење на матичните книги- орган во состав на Министерството за правда.
ДЕФИНИЦИ
Живородено дете - живораѓање е комплетно исфрлање или вадење на производот на зачетокот од телото на мајката, независно од траењето на бременоста, кој по тоа одвојување дише или покажува други знаци на живот како отчукувања на срцето, пулсирање на попочната врвца, или јасни движења на вољните мускули, без разлика дали папочната врвца била пресечена или плацентата е поврзана.
Мртвородено дете - ако детето е родено, или извадено од телото на мајката без никакви знаци на живот, т.е не дишело ниту покажувало други знаци на живот, т.е не дишело ниту покажувало знаци на живот, (чукање на срцето, движење на мускулите), носено 28 и повеќе недели се смета за мртвородено.
Стручна помош при раѓање - ако стручна помош при раѓањето укажал лекар или акушерка, се смета дека раѓањето е извршено со ,,стручна помош,,. Во сите други случаи се смета дека раѓањето е извршено ,,без стручна помош,, породувањето е извршено со помош на лекар или дипломирана бабица.
Дали детето е родено во брак или вон брак - според овој белег се распределени сите живородени и мртвородени деца. Како дете родено во брак се смета она кое е родено во брак склучен според Законот за семејство на земјата.
Просечна возраст на мајката при вкупен број раѓање - овој показател ја дава просечната возраст на мајката при раѓање на детето (вкупниот број на живородени деца), односно колку години просечно има мајката при раѓањето во набљудуваната година.
Просечна возраст на мајката при прво раѓање - овој показател ја дава просечната возраст на мајката при првото раѓање на детето (живородени први деца), односно колку години просечно има мајката при раѓањето на првото дете во набљудуваната година.
Стапка на маскулинитет при раѓањата - покажува колку живородените машки се раѓаат на 100 живородени женски деца на одредено подрачје.
Последно ажурирање:
11.02.2011
|