+A   |  -A
ïïï: 1450 | âââ: 72004
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Обем на стоковната размена со странство


Изворен документ

Изворен документ за статистичко следење на извозот и на увозот на стоки е единствениот царински документ, чија содржина е прилагодена за повеќестрана намена. Во документот се впишуваат податоци значајни за самата царинска постапка, како и податоци за потребите на статистичката обработка на податоците и за органите и системите на банките.

Опфат

Статистиката на стоковната размена во Република Македонија се базира на принципот на специјална трговија (проширена дефиниција), според кој во извозот се опфаќа сета стока извезена во странство и во странските царински складишта и комерцијалните слободни зони што се од домашно потекло, просториите за внатрешно облагородување и индустриските слободни зони. Во увозот се опфаќаат сите стоки, без разлика дали се увезени директно од странство, од царински транзит или од царински складишта и комерцијални слободни зони, а се наменети за производство, инвестиции или широка потрошувачка. Покрај комерцијалниот промет, статистиката ги опфаќа и стоките чијшто промет, т.е. извоз, односно увоз, се врши без плаќање на противвредноста.

Вредноста на стоката за облагородување се пресметува на бруто-основа пред и по извршеното облагородување.

Во статистичкото истражување на стоковниот промет со странство како единица на набљудување се зема секоја стоковна испорака во извозот или увозот, а која според статистичката методологија е предмет на стоковниот промет со странство.Моментот на поднесување на образецот за единствен царински документ (воведен од 01.01 1998 година) претставува време на набљудување.



Последно ажурирање: 09.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Надворешна трговија 
  
  Обем на стоковната размена со странство
  Стоковна размена според економските карактеристики на претпријатијата


   


© Државен завод за статистика