+A   |  -A
ïïï: 231 | âââ: 81314
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Морталитет


Статистичкото истражување за умрени лица обезбедува податоци за умрените лица според видот и причината за смрт и според определени демографски, економски, социјални и други белези.

Врз основа на овие податоци се овозможува следење и проучување на вкупниот морталитет на населението, како една од основните компоненти на природното движење на населението и добивање на потребните параметри за процени на идните тенденции на движењето на населението. Податоците за причината за смртта во најголем дел ги користат здравствените служби за следење на движењата во патологијата и леталниот исход во лекувањето на заболувањата.

Oпфат


Статистиката на умрени лица ги опфаќа сите случаи на смрт.

Извештајни единици - се матичните служби кои водат матична книга на умрени, согласно Законот за матична евиденција - Управа за водење на матичните книги- орган во состав на Министерството за правда.

Умрено лице e секое живородено лице кај кое настанало траен престанок на сите витални функции.

Умрено доенче е дете кое умрело пред да ја наврши првата година од животот.

Причина за смрт - податоците за причината за смрт ги дава лекар, обдуцент или лекар-прегледувач на мртовци. Oбработката на податоците од морталитетната статистика се врши според Меѓународната статистичка класификација на болестите и на сродните здравствени проблеми -10 та Ревизија.

Просечна возраст на умрените лица - овој показател ја дава просечната возраст на умрените лица, односно колку години просечно имале починатите во набљудуваната година (календарска година) на одредено подрачје.



Последно ажурирање: 11.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика