Методолошко објаснување за соопштението:
Туризам
Турист е секое лице кое привремено престојува во некое место надвор од своето постојано живеалиште и таму преноќува барем една ноќ во угостителски или некој друг објект за сместување.
Извесен број туристи и нивните ноќевања, сепак, остануваат неопфатени, поради непријавувањето на гостите, претежно туристи во приватни соби, куќи за одмор и рекреација и оние туристи кои престојувале кај роднини или пријатели.
Домашен турист е лице со постојано живеалиште во Република Македонија кое привремено престојува во друго место надвор од своето постојано живеалиште и преноќува најмалку една ноќ во угостителски или други објекти за сместување на туристи.
Странски турист е лице со постојано живеалиште надвор од Република Македонија кое привремено престојува во Република Македонија и преноќува најмалку една ноќ во угостителски или други објекти за сместување на туристи.
При обработка на податоците по земји, шифрите на земјите се според ISO стандардот.
Последно ажурирање:
09.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Туризам и угостителство
|
© Државен завод за статистика