Методолошко објаснување за соопштението:
Биланс на топлинска енергија
Извор на податоци
Извори на податоци за годишното соопштение за топлина се: месечните извештаи за енергија, Ене.3, Ене.6, Ене.7, Ене.13; годишните извештаи за енергија, Ене.53, Ене.56, Ене.57, Ене.63, Годишниот извештај за шумарство, Годишниот извештај за земјоделство, Процена на потрошувачката во домаќинствата по видови енергенти.
Опфат на податоците
При прибирањето на податоците од извештајните единици се користи методот на целосен опфат (за деловните субјекти кои вршат производство на топлинска енергија како основна дејност) и по пат на примерок (за деловните субјекти од индустриските сектори).
Дефиниции
За дефинирање на категориите во билансната шема користен е Годишниот прашалник за топлина, 2009 на Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Индустриски топлани (енергани) се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија.
Комбинирани електрани се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија наменета исклучиво за продажба.
Јавни и индустриски котлари се постројки за производство на топлинска енергија (која се троши во јавниот и во останатите сектори).
Расположливо за финална потрошувачка претставува топлинската енергија на располагање на крајните корисници.
Статистичка разлика = расположливо за финална потрошувачка - финална енергетска потрошувачка.
Јаглен = битуминозен јаглен + суб-битуминозен јаглен + мрк јаглен + лигнит.
Нафтени продукти = рафинериски гас + ТНГ + масло (нафта) за ложење (екстра лесно) + мазут.
Биомаса = огревно дрво + дрвени отпадоци
Метод на пресметка
Во пресметката на Билансот на топлинска енергија (вкупно, по месеци), користена е методологијата “Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998”.
Класификации
Во распределбата на финалната потрошувачка на топлинската енергија е користена Националната класификација на дејностите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 09/2006).
Последно ажурирање:
08.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Енергија
|
© Државен завод за статистика